Американските власти денес воведоа царински мерки на производи од неколку десетици земји. Погледнете на едноставен пример како функционираат царините.
„Најк“ патиките најчесто се увезуваат од Виетнам, земја која произведува половина од овие обувки, пишува CNN.
Од денес, оваа земја во југоисточна Азија се соочува со царина од 46 проценти на стоката што ја извезува во Америка. Пред одлуката на Трамп, стапката изнесувала само 14 проценти.
Еве како овие тарифи го менуваат конечниот износ на производот:
Пред – патиките чинеле околу 114 евра.
Потоа – Трамповите царини ја зголемуваат цената на околу 146 евра.
Точната цена во малопродажба ќе зависи од тоа колку од трошоците на „Најк“ – или која било компанија која увезува во САД – ќе одлучи да ги пренесе на купувачот.
Да потсетиме, американските власти денес воведоа царински мерки на производи од неколку десетици земји. Овие мерки стапија на сила точно во 4:01 часот по средноевропско време, и тоа се највисоките царини досега, а највисоките се воведени за Кина. Царините се однесуваат на скоро 60 трговски партнери, со дополнителни царини во опсег од 11 до 50 проценти, со исклучок на Кина, на која ѝ се воведени царини од 104 проценти.






