Иако на прв поглед може да изгледа чудно, многу верници не знаат на кој начин правилно да влезат во Божјата куќа.
Црквите и манастирите претставуваат прибежиште за сите верници. Меѓутоа, постојат јасни правила кога станува збор за пристапот до нивната внатрешност. Дали спаѓате во групата на христијански познавачи?
При влегувањето во црквата, треба да се прекрстите пред вратата, со благ наклон. На средината на црквата се наоѓа икона која треба да се целива. Приближете се до неа, прекрстете се и целувајте ја. Жените треба да внимаваат да не остават траги од шминка на црковните предмети. Потоа, треба да се свртите и да се поклоните на верниците кои се зад вас.
Токму за време на богослужбата и Светата литургија не е дозволено да се зборува. Секој прекин на молитвата или обраќањето на свештеникот се смета за егоистично и некултурно. Дозволено е да се доведат деца во црквата, но треба да се води сметка за нивното однесување. Не дозволувајте да трчаат низ светиот храм, да оштетуват предмети или да ги вознемируваат другите посетители.
Важно е да си обезбедите мирен престој во светиот храм, но и на другите верници. Молитвата бара тишина и можност за поврзување со Бог. Затоа, не би било правилно да внесувате немир во храмот.
Кога ќе одите во црква, важно е да изгледате пристојно. Ова вклучува избегнување на нападна шминка, неуредна фризура, кратки сукњи и фустани, шорцеви и генерално, провокативно облекување. Потрудете се да не привлекувате внимание, бидејќи пред Бога сите сме еднакви. Треба да се однесувате согласно со тоа.






