Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата Tesla, Илон Маск, апелирал за време на изминатиот викенд до претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја повлече одлуката за воведување нови царини, пренесува Вашингтон Пост.
Според информациите на Ројтерс, апелот на Маск не бил успешен.
Овој разговор меѓу Маск и Трамп претставува најголемото несогласување досега помеѓу претседателот и Маск, важен соработник во американската администрација, додава Ројтерс.
Маск апелирал до Трамп откако претседателот на САД објавил дека се воведуваат основни царини од 10 отсто на сите производи што се увезуваат во САД, како и дополнителни, поголеми царини за повеќе десетици земји.
Ниту Белата куќа, ниту Маск не одговориле на барањето на Ројтерс за коментар на овие наводи.
Маск, советник на Трамп задолжен за Одделот за ефикасност на владата, чија цел е намалување на државните трошоци, повикал на воспоставување на нулти царински стапки помеѓу САД и Европа.
Акциите на компанијата Трамп Tesla значително паднале во понеделник.







