Телото на Александар Карадаковски, кој беше управител на „МММ Кафе ДООЕЛ“ и кој ја водеше дискотеката „Пулс“, е предадено на Судска медицина во Скопје за обдукција. Погребот ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а телото ќе биде изложено во градската капела во Кочани од 12 часот.
Карадаковски беше најкритичниот пациент од пожарот во дискотеката „Пулс“ и се лекуваше во странство. Имаше 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете, додека на дишните патишта имал тешки изгореници кои опфатиле околу 90 проценти од телото.
Состојбата му се влошила на 1 април, по што бил ставен на дијализа поради откажување на бубрезите. Почина на 4 април.
За истражните власти, Карадаковски беше еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“.






