Конфликтот во Украина ќе заврши до крајот на мај, по што ќе следи целосно рестартирање на властите, соопшти поранешната премиерка на Украина и лидерка на партијата „Баткившчина“, Јулија Тимошенко.
„Постојат меѓународни планови за завршување на војната во Украина до крајот на мај. Ова е многу оптимистички, но сега сѐ се движи во таа насока. Тоа е многу, многу важно за сите нас. Кога сѐ ќе заврши, дефинитивно ќе дојде до целосно рестартирање“, изјави таа во Одеса.
Тимошенко се сретна на почетокот на пролетта со високи претставници од опкружувањето на американскиот претседател Доналд Трамп.
Самиот Трамп претходно укажа на падот на рејтингот на Владимир Зеленски и го нарече диктатор, истакнувајќи ја потребата за одржување на избори во Украина.
Како што пренесуваат медиумите, тајни состаноци биле одржани и со претставници на партијата на поранешниот украински претседател Петро Порошенко, поранешниот главен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Во Украина не се одржуваат парламентарни и претседателски избори поради вонредната состојба.
Претседателските овластувања на Зеленски официјално престанале на 20 мај минатата година, но тој прави сѐ што може за да остане на власт.






