Деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ, била нападната со нож од жена која, според очевидци, викала: „Имам лекарско уверение дека сум ненормална“.
Нападот се случил на Трг Павла Стојковиќа во момент кога колона се движела од Правниот факултет кон центарот на градот, каде што во 11:30 часот бил закажан централниот протестен собир „Под лупа на науката“.
Според сведоците, напаѓачката прво ја гаѓала Јовановиќ со лименка, а потоа извадила нож. Присутните граѓани се обиделе да ја спречат, но таа успеала да ја повреди деканката по десната шака. Полицијата брзо реагирала и ја привела жената.
Деканката веднаш била однесена во Клиничкиот центар во Ниш, каде што ѝ била укажана медицинска помош. Според последните информации, нејзините повреди не се сериозни.
Полицијата во Ниш потврди дека работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.







