Најмалку 144 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој денеска го погоди Мјанмар, објави државната телевизија на Телеграм.
Според извештаите, 732 лица се повредени во земјотресот и последователните потреси, јавува Скај Њуз.
Во Тајланд загинаа три лица, а две во кинеската провинција Јунан.
Земјотресот беше почувствуван и во соседните земји, вклучувајќи ги Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.






