ДУИ, по 22 години власт и уништување на правосудниот систем, денеска се обидува да ја игра улогата на жртва, се вели во реакцијата на ВРЕДИ на барањето од Мала Речица Брисел да се вклучи во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Но, граѓаните не забораваат: Кој го создаде овој гнил систем, кој ги заштити криминалците, кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии? – прашуваат од ВРЕДИ
Велат дека нема да дозволат да се манипулира со вистината!
Бараме истражна комисија за сите трагедии последниве години – од Ласкарка, модуларната болница Беса Транс, до Кочани.
Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, а кои треба да се заборават!
Доста манипулации! Граѓаните знаат кој го создаде овој корумпиран систем и кој со години ја прикрива неправдата.
ВРЕДИ ќе продолжи да се бори за вистинска правда, а не за политички фарси на партија која веќе му припаѓа на минатото“, се вели во реакцијата.







