Потпретседателот на бугарската влада, Красимир Каракачанов во интервју за Бугарската национална телевизија ги обвини македонските власти дека шират омраза кон Бугарите. Тој истакна дека на крајот на расправата за националниот идентитет ќе излезе дека „ и Исус Христос бил Македонец“.
Тој пак денеска во интервју за бугарската телевизија БНТ, изјави дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од Европската Унија.
– Бугарија е држава на сите бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. тие се бугарски граѓани. кога ние ги признаваме за бугари треба да им дадеме можност да им се помогне“, рече Каракачанов.
– Потпишавме договор пред 3 години, тој не се запазува. Не знам дали знаете дека дури и Исус Христос е Македонец. Скопските политичари мораат да ја градат својата историја врз основа на автентични факти од нивната историја, рече министерот за одбрана во интервјуто за бугарската национална телевизија.
Тој вели дека Македонија треба да го промени пристапот кон заедничката историја за да добие датум на преговори со ЕУ.
– Не можете да ги подготвувате децата во прво одделение да имаат омраза кон Бугарите. Не можете да воспитувате омраза и врз основа на лажни факти, рече Красимир Каракачанов во интервјуто за „БНТ“.







![Стампедо во храм во Индија: Има загинати [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-03-094333.png)