Комисијата за заразни болести препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во
претстојниот период на празници. Зоран Заев попладнево соопшти дека Владата ги прифатила препораките на Комисијата за заразни болести.
Угостителските објекти ќе се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот како што беше досега. Останува во сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.
Во претстојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид собири во периодот на празниците.







