Expanda SHPK е водечка дистрибутивна компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Philip Morris KDP од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаење, вештини и аспирации за тимска работа, поставувајќи високи стандарди во компанијата со своите резултати.
Во моментов сме во потрага по мотивирани кандидати за приклучување кон тимот за продажба на IQOS™ уреди во категоријата на производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International.
Што претставува IQOS™?
IQOS™ е револуционерен производ на Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари што горат тутун, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот, посетете ја веб-страницата www.pmiscience.com/our-products/platform1.
Се бараат позитивни и мотивирани кандидати за приклучување кон тимот на продажба на EXP PARTNER IQOS во Тетово.
Работни обврски како Асистент за продажба:
• Продажба на IQOS ILUMA уреди и сродни производи во согласност со продажниот план;
• Едукација на потрошувачите во продажното место за IQOS ILUMA;
• Обезбедување поддршка за клиентите кои купуваат IQOS ILUMA уреди;
• Продажба на тутунски производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци;
• Набавка, прием и складирање на производите;
• Изложување и уредување на производите;
• Работа на фискална каса и издавање на фискални сметки;
• Грижа за редовниот изглед на продажното место (Tobacco), како и за асортиманот и опремата.
Доколку сте:
• Комуникативни, убедливи, енергични и ориентирани кон потребите на клиентите;
• Тимски играч со желба за работа во динамично опкружување;
• Ориентирани кон резултати, организирани и структуриран во работата;
• Одговорни, самостојни и проактивни;
• Лојални и чесни.
И поседувате:
• Најмалку IV степен стручна подготовка (предност има универзитетска диплома);
• Познавање на англиски јазик (основно ниво);
• Познавање на албански јазик (пожелно, но не и задолжително);
• Основни познавања од MS Office;
• Искуство во продажба или маркетинг (предност има искуство во малопродажба).
Што нудиме?
• Одлични работни услови, иновативно опкружување и развој во динамичен тим;
• Нетo плата од 30.000 денари + атрактивен месечен бонус;
• Работно време: 40 часа неделно во смени.
Аплицирајте со испраќање на вашата биографија преку полето за брза апликација.
Краен рок за аплицирање: 30.03.2025
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Процесот на селекција ќе заврши во законски предвидениот рок, во зависност од бројот на апликанти.






