Македонскиот голман Столе Димитриевски испиша историја во дресот на репрезентацијата, поставувајќи нов рекорд со 711 минути без примен гол во официјални натпревари.
Иако Македонија синоќа одигра 1-1 против Велс во второто коло од квалификациите за Светското првенство, а израмнувачкиот гол падна во 96. минута, според статистичките правила, минутите во продолженијата не се пресметуваат во ваквите серии, што значи дека рекордот на Димитриевски останува непроменет.
Освен што го држи апсолутниот рекорд, Димитриевски е и сопственик на вториот и третиот најдолг период без примен гол во историјата на македонската репрезентација – со 326 и 301 минута.
Со ова остварување, голманот на Рајо Ваљекано уште еднаш докажа дека е клучна фигура во македонскиот национален тим.






