Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека во болниците засега се сместени 39 пациенти, од кои 12 се испишуваат и заминуваат на домашно лекување.
„Остануваат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците низ Скопје“, вели Таравари.
Во странство се лекуваат 115 пациенти, а се очекува денеска еден пациент од Белград да се врати во државата.
„4-5 пациенти се во посериозна состојба, но колегите се обидуваат да дадат максимум од себе за да можат да го поминат овој тежок период“, вели Таравари.
Како што додава, екипи од Пластична хирургија се во Кочани каде ќе дадат помош за пациентите кои имаат изгореници од прв или втор степен, со цел да не доаѓаат до Скопје.







