Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, истакна дека тимовите за одржување на хигиената и сезонските работници интензивно работат на терен со цел обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.

Во текот на минатата недела беа исчистени бројни улици во повеќе населби, вклучувајќи ги Топанско Поле, Стара Топана, Маалото на Бошњаците, Дуќанчик, Гази Баба и Стариот Чаир. Меѓу исчистените улици се Мехмет Гега, Методија Митевски, Ѓорѓи Поп Христов, Никола Малешевски, Ферид Мурат, Ибрахим Ругова, Браќа Реџепагиќ, Хоџа Атаула Куртиши, Петре Ѓорѓиев, Парашчеви Киријази, 4-ти Декември и Струмичка.

„Овие активности се дел од нашата секојдневна посветеност за одржување на јавните простори чисти и уредни. Ќе продолжиме со истото темпо за да создадеме подобри услови за живот на сите жители на Чаир“, изјави Ганиу.
Од Општина Чаир најавуваат дека акцијата за чистење ќе продолжи и во наредниот период, а граѓаните се повикуваат активно да придонесат кон зачувување на јавната хигиена.







