За дискотеките кои немале лиценци и оние кои имале лажни документи за да добијат лиценца, ДПИ настапува со асистенција на МВР и го информираат ОЈО. Ова го истакна министерот за транспорт и врски и еден од вицепремиерот, Александар Николоски по контролата во градежните фирми, во вестите на Сител.
- Нема да останат само на неправилности. Ќе следат и кривични пријави каде што не се постапувало според законот. Треба да се зголеми бројот на инспекциските служби. Тоа е во суштина главниот проблем на администрацијата. Битно е како ќе се организираме во иднина. Инспекторатот мора да се зајакне. Во моментов има само 40 инспектори. Мора да се зголеми бројот и да им се подобрат платите, додаде министерот.

Околу досегашното постапување на главниот обвинител Љупчо Коцевски и ОЈО за случајот со трагедијата во Кочани, тој вели дека коректно се однесуваат, со самиот факт што 34 лица се во притвор.
- Тоа многу говори за одговорноста. Ако споредиме со претходни случаи каде што немаше приведени и одговорност, јасно се гледа дека тука ќе има одговорност. Честитки и до МВР. Можеби ова ќе биде покажана вежба и за натамошни случаи. Сакам да порачам и дека сум згрозен од обидот на помали политички актери за да ја злоупотребуваат несреќата. Никој во светот не добил шанса ако се злоупотребува ваква трагедија. Здравствениот систем одговори најдобро, а правосудните органи и полицијата си ја вршат работата, нагласи Николоски.







