На 15.10.2025 во периодот од 12:00 до 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија- Тетово, извршија акциска контрола во с.Стенче, општина Брвеница, каде правно лице, сопственост на Е.З.М. од Тетово, изведувало градежни активности. Притоа, на местото при извршување работни задачи се затекнати 39 работници од Албанија на возраст од 20 до 65 години. Тие се приведени затоа што е констатирано дека не биле пријавени како работници односно го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави за нив и за сопственичката на правното лице.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







