-Искрено се чувствувам помалку анксиознен , среќен и горд дека медицината и науката не доведоа до чекор поблиску во справување со пандемијата. Во однос на симптомите после вакцинацијата ја имав само очекуваната болка во рамото каде беше аплицирана вакцината и траеше 24 часа.
Втората доза планирам да ја примам за 3 недели иако што е за Фајзер вакцината и после втората доза се очекува малку повеќе симптоми, а тоа се сепак благи како секоја друга вируза, како обична настинка, малку покачена температура, малаксаност, можна е и болка во мускулите и зглобовите и тоа ќе трае 24 до 48 часа, изјави за Сител д-р Перица Давитков, асс. проф. во Универзитетската болница во Кливленд и заменик шеф на катедрата за гастроентерологија.






