Денеска, десет пациенти повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани, се пуштаат на домашно лекување.
Меѓу нив има еден пациент од Штип, еден од Детската хирургија, три од Торакалната хирургија, како и пет пациенти од приватните болници „Систина“ и „Жан Митрев“.
Претходно беа пуштени на домашно лекување уште три пациенти.
Во моментов, вкупно 37 пациенти се лекуваат во Македонија, додека 115 се надвор од државата. Очекувањата се дека некои од нив ќе се вратат во Македонија во текот на следната недела.






