Француски рецепт за колач со јогурт кој е толку едноставен, што е идеален за сите кои не сакаат да губат многу време во кујната. За него ви се потребни само неколку состојки.
Потребни состојки:
125 мл полномасен јогурт
3 големи јајца
200 г шеќер
180 г брашно
2 лажички прашок за пециво
108 мл масло
Путер за премачкување
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175°C и премачкајте го калапот за печење со путер.
Во сад измешајте го јогуртот, додадете ги јајцата и изматете ги состојките.
Додадете шеќер и добро измешајте. Потоа, додадете брашно, прашок за пециво и масло, па повторно измешајте.
Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете 35-45 минути. По печењето, посипете со шеќер во прав.
Уживајте во вкусот!






