На 16 март 2025 година, трагичен пожар го зафати Кочани, кога во дискотеката „Пулс“ изби силен пожар што ја шокираше целата држава. Во страшната несреќа загинаа 59 лица, а многумина беа повредени, што остави неизбришлива трага во срцата на жителите.
Меѓу тие трагични моменти, љубовта и хуманоста на луѓето од Кочани се издигнаа во вистински херојски акции. И покрај ужасната ситуација, обични граѓани, пожарникари, медицински работници и полицајци не се двоумеа да ризикуваат свои животи за да спасат што повеќе луѓе.
Во безнадежните моменти на паника, многумина се покажаа како вистински херои, нудејќи помош на повредените и спасувајќи ги од огнената стихија. Солидарноста и храброста на жителите на Кочани беа посветени на спасувањето на животите, а истовремено и на поддршката на семејствата на жртвите во овие неописливо тешки моменти.
Трагедијата ги обедини луѓето, а нивните подвизи ќе останат засекогаш во сеќавањата како пример на храброст и човечност. Еден таков пример е и Јован Костадинов од Виница.
Имено, во моментите кога пожарот ја зафатил дискотеката, каде што се наоѓале млади луѓе, хаосот и паниката завладеале. Но Јован не се двоумел ниту еден миг. Во моментите кога повеќето бегаа за да го спасат својот живот, тој се фрлил во спасување на децата кои биле затрупани под рушевините и се наоѓале во непосредна близина на огнот.
Го зеде мојот син кој беше под рушевините и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, до болницата, со цел да го спаси. Во еден момент, никој друг не беше во близина, а Јован беше единствениот кој не се двоумеше да ризикува својот живот за да спасува други,“вели мајката на едно од спасените деца.






