Граѓани на социјалните мрежи на групата на Фејсбук – Ѕид на сообраќајниот срам коментираат од вчера дека цената на паркингот во Скопје во катните гаражи е поскапена за 100%, по објавата на еден граѓанин откако му стигнало известување од ЈП Градски Паркинг – Скопје.
Сега цената за да паркира еден граѓанин со повластена дозвола за паркирање во категорија вработен во правен субјект, во катните гаражи „Беко“ и „26-ти јули“, изнесува фантастични 2,000 денари кои треба да ги плати како месечна претплата за да ја користи услугата за паркирање.

Граѓаните и жителите на главниот град со коментари на овој пост упатуваат повици да не се паркира во катните гаражи на градот, за да му останат празни на Јавното претпријатие Градски паркинг. Тие велат даваат пари за изградба на катните гаражи, како и за паркинг, а живеат во еден од најзагадените градови во свет, како и тоа дека паркингот од потреба стана луксуз за скопјани.







