И покрај тоа што казината не се ограничени со работното време, сепак таму нема да биде дозволено да се служат пијалаци и храна по 18 часот, рече министерот за економија.
Нема да биде дозволен дочек на Новата година во казина и во обложувалници, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши откако се појавија гласини дека Новата година ќе може да се прославува во објектите за игри на среќа.
Министерот појасни дека казината и обложувалниците ќе можат да работат 24 часа, но дека кафулињата, рестораните и гостилниците ќе мора да затвораат во 18 часот. Сепак, додаде тој, и покрај тоа што казината не се ограничени со работното време, таму нема да биде дозволено да се служат пијалаци и храна по 18 часот.







![Тајниот син на Пути за прв пат виден во јавност: Исплива фотографија која Русија не сака да ја видите [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-22-130637.png)