Синот на Путин, Иван Владимирович, по една деценија тајност – за првпат виден во јавност
По цели десет години целосна медиумска сенка, синот на рускиот претседател Владимир Путин, Иван Владимирович, наводно е виден во јавноста за првпат. Информацијата ја објави опозицискиот руски Телеграм канал „VChK-OGPU“, кој тврди дека има врски во безбедносните структури на државата.
Според нивните наводи, Иван е син на Путин и неговата долгогодишна, но никогаш официјално призната партнерка – поранешната олимписка шампионка и гимнастичарка Алина Кабаева. Момчето, кое се претпоставува дека има околу десет години, досега беше целосно скриено од јавноста и медиумите.
Во описот даден од каналот, Иван е наречен „најосаменото момче во Русија“, кое речиси нема контакт со други деца, и живее во строго контролиран режим – опкружен со дадилки, лични наставници и постојана безбедносна заштита. Се наведува и дека има помал брат, четиригодишниот Владимир Џуниор.
Иако Путин никогаш не ја потврдил својата врска со Кабаева, ниту пак дека има деца со неа, минатата година во едно телевизиско гостување спомна дека ужива во гледање бајки со „малите членови на семејството“, што многумина го протолкуваа како индиректна потврда.
Кремљ сè уште официјално негира каква било врска меѓу Путин и Кабаева. Сепак, независниот истражувачки центар „Dossier Centre“ тврди дека поседува автентични докази за постоењето на двајцата синови, но, поради етички причини, не ги објавува нивните фотографии.
И покрај медиумската тајност, „Dossier“ истакнува дека животниот стил на децата – кој вклучува луксуз, строго обезбедување и елитно домашно образование – е прашање од јавен интерес, особено кога станува збор за најмоќниот човек во Русија.

![Тајниот син на Пути за прв пат виден во јавност: Исплива фотографија која Русија не сака да ја видите [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-22-130637.png)





