Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага оствари значајни разговори со чешките партнери со цел зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и Чешка.

„Наш интерес и стратешка определба е да ги зацврстуваме пријателствата и економските врски со држави како Чешка, со кои споделуваме заедничка визија за раст и развој. Затоа, лично преземам иницијатива за продлабочување на соработката во клучни сектори – енергетика, инфраструктура и инвестиции,“ изјави Божиновска.

Таа нагласи дека Македонија нуди стабилна и предвидлива деловна средина, а Чешка е докажан стратешки партнер. Разговорите се фокусирале на конкретни можности за нови инвестиции, подобрување на транспортната поврзаност и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
„Време е зборовите да ги претвориме во проекти што носат резултати,“ истакна министерката, посочувајќи дека продлабочувањето на соработката со Чешка е клучно за економскиот развој на Македонија.







