Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени дождови. Наместа, дождот ќе биде пороен (над 15 л/м²) и ќе биде проследен со грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч). Поинтензивни врнежи се очекуваат утре вечер, преку ноќта и в четврток претпладне, информира УХМР.
Преодно стабилизирање на времето ќе настапи в петок. Сепак, во сабота локално, а в недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе доведе до опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).
Во Скопје се очекува променливо облачно и топло време со повремени дождови. Во делови од котлината, врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер, особено ноќта кон четврток. Нови врнежи се очекуваат и в недела и понеделник.







