Меѓу лицата кои се опфатени со истражни активности се неколку бизнисмени, но и поранешни директори и вработени во ЕСМ.
Тринаесет лица се опфатени со вчерашната координирана акцијата на надлежните институции против компании и поединци инволвирани во сомнителна набавка на горива штетни за здравјето на граѓаните и животната средина. Во текот на постапките за набавка и дистрибуција на горива со недзоволено ниво на сулфур, лицата инволвирани во синџирот биле заштитувани од одредени центри на моќ.
Неофицијално, од извори во истражните активности, се дознава дека биле испумпани околу 10 милијарди денари преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на штетните горива.






