Делегации од Украина и САД денеска започнаа преговори во Џеда, Саудиска Арабија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи на својот официјален канал на Телеграм.
Според веб-страницата на американскиот Стејт департмент, средбата меѓу двете делегации е закажана за денеска напладне по локално време.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пред почетокот на разговорите изјави дека тимот е подготвен и дека ќе работи на заштита на украинските интереси и дефинирање јасна визија за завршување на војната.
Во украинската делегација се Јермак, неговиот заменик Павло Палиса, министерот за надворешни работи Андриј Сибига и министерот за одбрана Рустем Умеров.







