Во наредните три години црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Струмица целосно ќе се реконструира за што од Министерството за култура се обезбедени 15 милиони денари. Вака најави министерот Зоран Љутков кој беше во работна посета на Струмица. Како што кажа реализацијата на овој проект може да биде и порано во зависност од динамиката на работите.
Викарниот епископ Јаков од името на струмичката епархија и МПЦ го поздрави потегот на Министерството за култура да посвети внимание на верските објекти кои преставуваат столб на духовната култура.
Освен на црквата „Св Кирил и Методиј“ годинава ќе се работи и на кровот на манастирскиот комплекс „Св Леонтиј“ исто така со пари од Минстерството за култура.






