Управата за хидрометеоролошки работи известува дека утре, не очекува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20°C, а максималната ќе достигне од 33 до 41°C.
Во Скопје: сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18°C, а максималната ќе достигне до 41°C.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура насекаде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела, во попладневните и вечерните часови, ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.







