Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Многу топла новата седмица која е пред нас: Ќе има силен ветер, дожд и грмежи!

by
2025-03-09
in Uncategorized

Во текот на новата седмица, односно во периодот од 10 март, па се до 17 март, нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на невообичаено топла воздушна маса за овој период од годината, и истата продира од југ кон нашите делови од Европскиот Континент. Температурите ќе бидат во понатамошен пораст, како минималните утрински, така и максималните дневни температури на воздухот.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на споменатиот период речиси насекаде ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени, а на многу места тие ќе надминуваат и 20 степени, во делови од Македонија тие ќе се искачат до околу 25 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повторно може да надминат дури и 25 степени. Во овој период ќе дува засилен, до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 75 км/час).

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Утре (понеделник 10 март) ќе се задржи стабилно и суво, додека од вторник попладне, па се до четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи. Не се исклучува можноста во ваква ситуација процесите да бидат  и во форма на невреме, односно поинтензивни.

И во Скопје  и околината ќе имаме многу слично време како и во останатите предели од нашата Република Македонија, а тоа е, невообичаено топло време со температури до околу, па и над 25 степени. Од вторник до четврток ќе има услови за повремен локален дожд, во делови од котлината тој може да биде пороен и проследен со грмежи. И во Скопје за време на споменатиот период ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер.

Да напоменам дека, во текот на новата седмица која ни следува, температурите наутро ќе бидат насекаде над нулата.

Previous Post

Доколку вашиот маж ја има оваа карактеристика, тој е подобар од останатите

Next Post

Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената

Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената

Recommended

10 години без Гоце Арнаудов

10 години без Гоце Арнаудов

4 years ago
Орбан со предупредување до Европа: Таквиот чекор би значел започнување на Трета светска војна

Орбан со предупредување до Европа: Таквиот чекор би значел започнување на Трета светска војна

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.