Јавното претпријатие „Шар“ информира дека поради дефект на главната водоводна линија на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, ќе има прекин на водоснабдувањето сè до санирање на проблемот.
Екипите се веќе на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот со цел водоснабдувањето да биде воспоставено во најкус можен рок. Граѓаните се замолуваат за трпение и разбирање додека траат поправките.






