Брз и едноставен рецепт за посни палачинки.
Состојки:
500 мл топла вода
250 гр брашно
1/2 лажичка прашок за печиво или сода
10 гр ванилин шеќер
прстофат сол
3 лажици масло + масло за пржење
Начин на подготовка:
Во топла вода додајте прашок за печиво со просеано брашно, ванилин шеќер, сол и масло, па разматете. Оставете ја смесата 15-30 минути и потоа печете ги палачинките на кокосово масло. Филувајте ги со намаз од лешник.
Уживајте!






