Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија поради новите напади кои Русија ги изврши врз Украина во текот на ноќта.
„Со оглед на тоа што Русија моментално ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за воведување на широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија, сè додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп.
Во својата порака, тој ги повика двете страни на преговори.
„До Русија и Украина – седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!“, порача Трамп.







