Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово информира дека денеска ќе има рестрикција на вода поради намалените количини на водоснабдување. Според соопштението, прекинот ќе трае од 12:00 до 14:30 часот.
Граѓаните се повикуваат на рационално користење на водата додека трае овој период на намалена достапност.






