Белата куќа истакна дека повторното одобрување на помошта за Украина ќе зависи од обновената доверба.
„Американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за продолжување на воената помош за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и ако се преземат чекори за обновување на довербата“, изјави денеска советникот за национална безбедност, Мајк Волц.
Трамп ја прекина помошта за Украина во понеделникот, а во вторникот изјави дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кое тој изразува подготвеност за преговори.
Волц оцени дека писмото е „добар и позитивен прв чекор“.
Пред некое време, Зеленски го посети Вашингтон и влезе во расправија со Трамп, кој го обвини украинскиот претседател дека не сака мир. Војната трае веќе повеќе од три години.







