Канарските острови во Шпанија беа погодени од силно невреме, кое предизвика поплави. Водата однесе автомобили во морето, а на некои места луѓето се соочија со поплавени домови во текот на ноќта.
Многу патишта во Кастелон, Гранада и Валенсија се затворени поради големите врнежи, кои на одредени места достигнаа повеќе од 200 литри вода на метар квадратен.
Министерствата за надворешни работи на некои земји веќе ги предупредија своите граѓани да избегнуваат патување во Шпанија, особено во погодените области.
Во октомври минатата година, Шпанија беше погодена од слични поплави кои однесоа жртви и предизвикаа голем револт. Некои поплавени имоти беа предмет на кражби.






