Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска ја осуди нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон, која ја оцени како закана за Русија. Лавров реагираше на изјавата на Макрон, кој изјави дека размислува да ги стави европските сојузници под заштита на францускиот нуклеарен арсенал. Според Лавров, ако Макрон ја смета Русија за закана, тоа е непријателски чин, што го спореди со историските походи на Наполеон и Хитлер.
Тој истакна дека Макрон може да прибегне кон непромислени акции за да ја спаси својата репутација во Франција и предупреди дека Москва ќе ги смета сите европски мировни трупи во Украина како учество на НАТО во војната против Русија. Лавров додаде дека Русија не гледа можност за компромис во оваа ситуација.







