Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска даде мистериозна најава која се однесува на случајот со екс министерката за одбрана на СДСМ Славјанка Петровска.
За Кочовска прашањето поврзано со дебатата со Славјанка Петровска од СДСМ на седницата за пратенички прашања е завршено, посочувајќи дека за многу скоро на сите ќе им биде јасно зошто се случуваа сите тие работи.
Кочовска вели дека кога би погрешила, би се извинила.
„Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Мислам дека неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собрание и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето мислам дека својот став го кажав, кога би погрешила би се извинила. Воопшто немало тенденциозност, ниту некаква намера“, рече Димитриеска – Кочоска.
Таа вели дека зборувала за трошоците на живот и врз основа на тоа не би сакала да коментира понатаму на таа тема но даде мистериозна најава дека наскоро ќе се открие зошто во јавноста се кренала врева за навидум едноставна ситуација.
„За мене како што кажав, тоа е затворено, но би замолила една работа. Граѓаните да бидат стрпливи, да почекаат малку. Времето ќе покаже кој бил во право, а кој не бил и зошто се случуваше сето ова. Оставете на времето, ве молам. За многу скоро ќе ви биде јасно на сите зошто се случуваа сите овие работи“, вели министерката за финансии Димитриеска – Кочоска.
Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.






