Министерот за земјоделство, од редовите на БЕСА, Аријанит Хоџа, објави дека се повлекува од функцијата. На прес конференцијата што се одржа пред Владата Хоџа кажа дека оставката е поради нарушување на демократските вредности во државата, додавајќи дека од функција се повлекуваат и двајцата заменици министри.
„Kако што ветив минатата недела дека поради нарушување на демократијата на локалните избори од страна на дел од оваа влада, на чело со вицепремиерот од ДУИ, кадешто беше повредено правото на демократијата, со манипулативни методи и за жал, тоа продолжи и во текот на вчерашниот ден, кој беше најсрамниот ден за демократијата на нашата држава“, рече Хоџа.
„Ако во 2016 беше соборен режим, по пет години гледаме дека тие го надградиле режимот. Во Беса работиме на приницип на гордост и достоинство, власта е важна но не по секоја цена, ќе продолжиме со локалната власт во Тетово и Желино“, додаде тој.
Аријанит Хоџа од БЕСА денеска изјави дека покрај неговата оставка од функцијата министер за Земјоделство, оставки поднеле и двајцата заменици министри од редовите на Движењето БЕСА, поточно заменик министерот за Култура Седат Сулејмани и заменик министерот за Образование и Наука Арафат Шабани.






