-Денес ми донесоа свежа риба од Дојранското езеро, околу 5 кг караш, плашка и костреш или смуѓ. Додека ги чистев забележав дека во внатрешноста имаа многу паразити, односно црви, а највеќе во кострешот. Потоа забележав и во месото од кострешот откако ги исчистив.

Отворив на интернет и видов дека се работи за многу опасен паразит, кој може да се пренесе на човек и негово отстранување е само со хируршка интервенција.







