Марк Кубан (66), американски милијардер, косопственик на НБА тимот Далас Маверикс и инвеститор во реалното шоу „Shark Tank“, на својот блог ја открил тајната на своето богатство. Тој објаснил дека успехот не доаѓа преку ноќ, туку почнува со една едноставна и моќна навика.
„Не е лошо да се биде богат. Прашањето е – како да се стигне до таму?“ напишал тој. Кубан истакнува дека не постои универзална формула за успех, но дека најважниот совет е штедењето. „Штедете колку што можете. Наместо кафе – пијте вода. Наместо скапи оброци надвор – јадете едноставен оброк дома“, советува тој.
Важно е и избегнувањето долгови. „Ако користите кредитни картички, не сакате да бидете богати. Првиот чекор кон богатството бара дисциплина. Мора да ја пронајдете таа дисциплина“, изјавил Кубан. Тој додава дека паметното трошење е клучот: „Штедете што повеќе и ставете ги парите во орочени депозити. Штедете не само за пензија, туку и за моменти кога ви треба готовина.“
Кубан советува дека по акумулирање заштеда, треба да се најде работа која ве интересира: „Не мора да ја најдете веднаш работата од соништата, но важно е да стекнете искуство. Научете додека заработувате.“
На крајот, тој напоменува дека трпението е клучно. „Не зборуваме за денови, туку за години или децении. Мојот совет не е шема за брзо збогатување, туку пат кон финансиска стабилност и успех“, заклучил Кјубан.





