Читач на усни открил што Деми Мур кажала по шокот што го доживеа кога за влакно го изгуби Оскарот. Ѕвездата од „The Substance“ беше главен фаворит за најдобра женска улога, по освојувањето на бројни големи награди – освен БАФТА.
Шокот настана кога 25-годишната Мајки Медисон беше прогласена за победничка, а камерите го снимија лицето на Деми Мур, кое изгледаше „замрзнато“.
Читателката на усните, Никола Хиклинг, за „Дејли Меил“ изјавила: „Деми кажа ‘убаво’, но не се насмевна кога го кажа тоа. Како да мораше да се присили да го изговори.“
Додека некои гледачи беа возбудени по победата на Мајки, многу фанови на Деми Мур беа разочарани што таа не ја освои наградата и изразија незадоволство на платформата X.
По објавувањето на добитничката на Оскарот, многу објави беа посветени на тоа како Деми го заслужувала признанието.
Мајки Медисон, која ја доби наградата за најдобра женска улога, во својот говор се осврна на статусот на сексуалните работници, имајќи го предвид тематскиот контекст на филмот кој и ја донесе наградата.







