Новоименуваниот директор на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Каш Пател, го повика американскиот Конгрес да истражи како биле искористени парите испратени во Украина, пишува The Epoch Times.
„Побарав од Конгресот да истражи каде отидоа тие пари. На американскиот народ му се должи тој одговор, бидејќи тоа се наши пари. Тоа се долари на нашите даночни обврзници“, рече Пател.
Тој, исто така, го критикуваше обемот на американската помош за Украина.
„Не се работи за тоа дека САД ќе испратат милијарда долари, туку дека износот испратен до една земја е сто пати поголем од милијарда“, рече тој.
Пател потоа го доведе во прашање кредибилитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и го спомена ракетниот инцидент во Полска.
„Зеленски излезе на светската сцена и рече „Русија истрела проектил кон Полска“, што би било воен чин.
„Излегува дека Русија не истрелала таков проектил“, рекол Пател, пренесува „Киев Индипендент“.
Полска лани неколку пати подигна авиони поради руските напади врз Украина, откако проектилите испратени во западна Украина го нарушија полскиот воздушен простор.






