Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Акио го предводи одржливиот развој, работилница за зелена енергија во Штип

by
2025-03-03
in Uncategorized

Акио (Акуо), глобален лидер во обновливите извори на енергија и посветен поддржувач на одржливиот развој, ја потврди својата посветеност кон создавање позелена иднина преку одржување интерактивна работилница во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Настанот се одржа во присуство на владини претставници, бизнис лидери, еколошки експерти, студенти и претставници од земјоделскиот и енергетскиот сектор.

Работилницата „Развој на Штип преку поттикнување одржлив раст, земјоделство и транзиција кон зелена енергија“, е дел од пошироката иницијатива на Акио за поттикнување иновации и создавање долгорочни економски и еколошки придобивки за регионот. Работилницата воедно имаше за цел да ја охрабри локалната заедница во процесот на барање решенија како обновливите извори на енергија да станат одржливи економски модели.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, во своето поздравно обраќање истакна дека овој регион има клучна улога во енергетската транзиција, благодарение на географската локација, развиената индустриска инфраструктура и високата свест за одржлив развој.

„Соработката со институциите, приватниот сектор и академската заедница ни овозможува да учиме и да ги имплементираме најновите технологии и најдобрите практики во обновливите извори на енергија. Преку паметни решенија за енергетска ефикасност создаваме одржливи услови за економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните“, изјави Јорданов, изразувајќи голема благодарност до Акуо за интегрирањето на локалните заедници во иницијативи за обновлива енергија.

На работилницата, Акио ги претстави можностите за инвестиции, технолошките напредоци и политичките препораки кои можат да ја забрзаат транзицијата на Штип кон позелена економија. Беа споделени и успешни примери од глобалните проекти на Акуо, демонстрирајќи ги конкретните придобивки од интеграцијата на чистата енергија во различни региони.

На вториот панел од работилницата се споделија значајни сознанија за потребите и барањата на студентите од Штип и околината. Преку динамични дискусии и размена на искуства, панелот одигра клучна улога во дефинирањето и заедничкото обликување на проектот на фондацијата. Овие разговори се од исклучително значење за идентификување на реалните предизвици со кои се соочуваат студентите и заедницата, давајќи потврда дека проектот ќе се развива во согласност со нивните потреби.

„Проектите за обновлива енергија се долгорочни, а во Aкуо ги развиваме со силни амбиции насочени кон локалнатазаедница. Стануваме дел од околината, и токму затоа наша одговорност е да ја поддржиме соработката со универзитетите и да го поттикнеме поврзувањето меѓу енергетското и земјоделското производство“, изјави Емил Бакиќ, државен менаџер на Aкио.

„Акио фондацијата активно работи на овој проект веќе неколку месеци заедно со локалните партнери. И ова не се само зборови, туку реални проекти со вистинско влијание кои носат значајни промени и се во служба на студентите, универзитетите и локалните заедници. Наша улога и наша мисија е да го претвориме сето тоа тоа во реалност“,истакна Катинка Рамбер, директорка за општествена одговорност во Акио и раководителка на Акуо фондацијата.

Работилницата заврши со дефинирање конкретни чекори од страна на Акио фондацијата за понатамошна поддршка на транзицијата на Штип кон енергетска одржливост. Овие чекори вклучуваат започнување пилот-проекти за интеграција на обновливите извори на енергија во земјоделското производство, формирање регионална работна група за одржливост и воспоставување долгорочни механизми за соработка со цел да се обезбеди континуиран напредок.

Лидерството на Акио во оваа иницијатива ја потврдува позицијата на компанијата како клучен фактор во глобалните напори за обновлива енергија и одржливост. Преку проактивни чекори за зајакнување на заедниците и инвестирање во зелени решенија, Aкио не само што го трансформира економскиот пејзаж на Штип, туку и поставува пример за одржлив рурален развој на глобално ниво.

Aкиo е независна глобална компанија за производство и развој на обновлива енергија. Компанијата го опфаќа целиот процес – од развој и финансирање до изградба и управување со проекти. Заклучно со крајот на 2024 година, Акио имаше вкупен капацитет од 1,9 GW во функција или во изградба, како и проектно портфолио од над 12 GW. Со повеќе од 450 вработени, компанијата, со седиште во Париз, Франција, развива проекти во повеќе од дваесет земји ширум светот.

Previous Post

Месечен извештај за тргувањето на Македонската берза – Февруари 2025 

Next Post

ФБИ побара истрага за парите кои биле пратени во Украина: Мора да истражиме каде завршиле тие пари

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
ФБИ побара истрага за парите кои биле пратени во Украина: Мора да истражиме каде завршиле тие пари

ФБИ побара истрага за парите кои биле пратени во Украина: Мора да истражиме каде завршиле тие пари

Recommended

Бугарски новинар: Во Бугарија има 500 000 Македонци

Целта на проблемот е Бугарија да го постигне истото што и Грција

5 years ago
Мајкл Џордан во прошетка низ Дубровник – легендата ужива на јадранското крајбрежје

Мајкл Џордан во прошетка низ Дубровник – легендата ужива на јадранското крајбрежје

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.