Тримесечно бебе загина во страшна сообраќајна несреќа што се случи во саботата на патот Зрењанин – Лазарево во Србија.
Несреќата се случила околу 14:15 часот кога автомобил, во кој патувале шест лица, вклучувајќи две бебиња, излетал од патот и завршил во нива.
Според прелиминарните информации од истрагата, несреќата најверојатно се случила кога возачот, кој е татко на загинатото бебе и има само пробна возачка дозвола, се обидел да го заобиколи возилото пред себе. Поради тоа, изгубил контрола над автомобилот и излетал во блиската нива.
Неофицијални извори наведуваат дека возачот во моментот на несреќата возел со брзина од околу 140 km/h, што е многу над дозволената брзина на тој дел од патот.





