Полицијата соопшти дека е уапсен 48-годишен возач од Гостивар, кој во Скопје удрил пешак и му предизвикал сериозни повреди. Алкохол-тестот покажал дека возачот имал 1,35 промили алкохол во крвта.
Повреденото момче е згрижено на скопските клиники. Несреќата се случила неколку минути по полноќ во недела.
Соопштението на МВР во продолжение:
На 02.03.2025 околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка.
По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава.






