Бугарски државјани си го заборавиле детето на патарина во Ниш, а сфатиле дека го нема дури кога биле запрени од полицијата во Белград.
Според неофицијални информации, во преполниот автомобил имало неколку луѓе, а никој не можел да објасни како го заборавиле детето. Во секој случај, детето го нашле на наплатната рампа во Ниш.
– Пријавиле во полиција во кое возило било детето. Полицајците во Белград биле информирани од нивните колеги од Ниш, кои го запреле возилото. Чудното било што тие во ниту еден момент не се посомневале дека детето го нема. Дури кога полицијата ги запрела сфатиле дека детето не е во автомобилот, изјавил извор запознаен со случајот.
Како што појаснил, автомобилот бил запрен на наплатната рампа во Бели Поток.
– За среќа, се се заврши добро. Благодарни сме на полицијата и на сите кои учествуваа во враќањето на детето, тие подоцна продолжија по својот пат, рекол изворот.







