Ниту еден балкански лидер со исклучок на ВД романскиот претседател Болојан не е поканет на самитот за иднината на Украина во Лондон.
Во Лондон денеска нема лидери од Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција како членки на ЕУ и НАТО, од Македонија, Црна Гора и Албанија како членки на НАТО, ниту од Босна и Херцеговина, Молдавија и Молдавија како земји кандидати.
Следниве лидери се состанаа во Лондон за да разговараат за иднината на Украина.
🇬🇧 Стармер
🇺🇦 Зеленски
🇫🇷 Макрон
🇩🇪 Шолц
🇮🇹 Мелони
🇨🇦 Трудо
🇪🇸 Санчез
🇵🇱 Туск
🇩🇰 Фредериксен
🇳🇴 Шторе
🇫🇮 Стуб
🇸🇪 Кристерсон
🇳🇱 Шуф
🇨🇿 Фиала
🇷🇴 Болојан
🇹🇷 Фидан
🇪🇺 Фон дер Лајен
🇪🇺 Кошта
Марк Руте од НАТО
Вкупно 16 лидери, меѓу нив и претставници од Канада, Турција, НАТО, ЕУ денеска одржуваат вонреден самит во Лондон за да ја подобрат безбедносната соработка и да обезбедат поголема поддршка за Украина, по драматичниот судир меѓу Киев и Вашингтон.
Еден ден откако доживеа бурно збогување од Белата куќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Лондон во саботата, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер на Даунинг стрит.
„Благодарам на народот и владата на Обединетото Кралство за вашата неверојатна поддршка од првиот ден на оваа војна“, рече Зеленски. „Ние сме среќни што имаме такви стратешки партнери со кои ја споделуваме визијата за сигурна иднина за сите“, додаде тој.
Зеленски денеска се среќава и со кралот Чарлс Трети, а потоа ќе им се придружи на европските сојузници на самитот за безбедност.







