Доналд Трамп џуниор, синот на американскиот претседател, објави мим на X (поранешен Twitter) по расправијата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и Доналд Трамп.
Трамп џуниор објави фотографија на која преку Зеленски пишува „Каде се моите пари?“.

„Слушај ваму, ти мало…“, пишува над Трамп, додека над американскиот потпретседател стои текстот: „Овој кепец и неговите барања…“.
„Точно така“, напиша Трамп џуниор како коментар на X.

„Еве како изгледа лидерството“, објави тој претходно, додавајќи: „Америка веќе нема да биде искористувана“.






