Русија на крајот ќе моли за мир. Ова е целта на од планот на Европа откри американскиот државен секретар Марко Рубио.
Во интервју за CNN Рубио откри дека еден европски шеф на дипломатија, чие име тој не го открива, му кажал кој е европскиот план за крај на војната во Украина.
Според засега анонимниот министер кој зборувал со Рубио, планот на ЕУ е војната во Украина да продолжи уште една година по што Русија ќе биде толку слаба што ќе моли за мир.
За Рубио овој план не е реален а за него е неприфатливо уште една цела година да има смрт и разрушувања.






